
ВИДЕО ОД УЖАСОТ ВО АТИНА: Албанец излегол од џип и ладнокрвно застрелал 3 млади момчиња пред клубот, нишанел право во глава
Тројца млади момчиња беа ладнокрвно застрелани во Атина по тепачка пред ноќен клуб.
Камерата го снимила вознемирувачкиот момент кога напаѓач во саботата нешто пред 7 часот наутро пукал во глава во три млади момчиња од Крит, пред ноќен клуб во населбата Гази.
Напаѓачот и неговиот соучесник претходно излегле од луксузниот џип и им пришле на две млади момчиња. По кратка расправија и размена на удари извадил пиштол и најпрвин пукал во младиот човек кој во тој момент се тепал со соучесникот, потоа во вториот млад човек кој се свртел и се обидел да побегне, а на крајот во третиот кој бил настрана и ја гледал тепачката.
По пукањето влегле во џип и побегнале.
Лекарите се борат за животот на еден млад човек, додека другите двајца се во стабилна состојба.
Очевидци изјавиле дека тепачката почнала кога насилници го запреле џипот и им пришле на младите бидејќи мислеле дека им префрлаат нешто додека поминувале.
Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачите се локални Албанци и дека потрагата по нив е во тек.
Џипот наводно бил изнајмен од компанија за лизинг.
Видеото може да го погледнете во продолжение, предупредуваме дека следи вознемирувачка содржина:
Αλβανοί μπράβοι οι δράστες που πυροβόλησαν τους τρεις Κρητικούς στο Γκάζι.
Η στιγμή των πυροβολισμών!Telegram: https://t.co/dwIzvq26gH#Γκαζι pic.twitter.com/6HPDhZmusL
— Καθίκι (@KYTKYTKYTKYTKYT) December 17, 2023
