
(ВИДЕО) ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Се излеа Сава кај Загреб
Невреме ja погоди Хрватска. Се излеа реката Сава кај Загреб.
Во градот до утрово наврнаа околу 50 литри дожд на метар квадратен, а обилно невреме со големо количество врнежи е забележано низ цела Хрватска.
Поради обилните врнежи во Хрватска, издадено е предупредување за можни поројни поплави, особено на Јадранот.
Утрото во Хрватска на Платка падна првиот снег годинава. И пред неколку дена во Хрватска и Црна Гора имаше невреме.
