
(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Крупен град паѓаше кај северниот сосед
Силна бура проследена со град и грмотевици погоди поголем дел од Србија.
Во градот Аранѓеловац паѓаше град со големина на тениско топче. Во Војводина и западна Србија, бурата ќе продолжи да биде поизразена со појава на град и силен ветер. На југот и југоистокот од Србија ќе биде суво со сончеви периоди.
Во поширокото подрачје на Белград, околу Обреновац и Лазаревац, се очекуваат дожд и грмотевици.
И минатиот месец паѓаше крупен град во Србија.