
(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Редок феномен е забележан на небото
Невреме денеска го зафати хрватскиот град Сплит и околината. Повеќе пијавици се забележани на небото. По вчерашните пијавици кај Ровињ и Крес, денеска овој редок природен феномен се појави кај Чиово . Пијавицата се гледала од Марјана, Слатина и Каштела и таа се вртеше околу 10 минути.
Радарската слика на Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) откри дека облакот над Сплит бил висок дури 12 километри. Облакот беше од локален карактер бидејќи до 13 часот во западниот дел на Сплит наврнаа 35 литри дожд, а во исто време ниту капка дожд не наврна на истокот од градот. Како што објави Хина, засега нема повредени или оштетувања на објекти.
Невреме деновиве имаше во повеќе европски земји и тоа во Шпанија, Италија, Швајцарија., Хрватска, Словенија. Град со големина на јајце паѓаше во Словенија.
фото принтскрин