
ВИДЕО Необична светлина над Шар Планина: Жител од Брезовица сними мистериозна појава на небото
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и успеал да сними невообичаена светлосна појава на небото над Шар Планина, во правец кон Кожув.
На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа силна светлина која се движи со невообичаена траекторија и остава светлечка трага зад себе.
Сè уште нема официјална потврда или објаснување за тоа што точно е забележано, но на интернет веднаш се појавија различни шпекулации – од можен метеор, до дрон или дури и неидентификуван летечки објект (НЛО).