(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВИ САД: Демонстрантите се судрија со полицијата
Во Нови Сад, демонстрантите се судрија со полицијата.
Маскирани лица се обиделе насилно да влезат во Градското собрание, а полицијата употребила солзавец. Некои маскирани луѓе во толпата фрлаа петарди и факели кон Собранието. Опозициските советници застанаа пред влезната врата за да влезат внатре за да ги предадат барањата на протестот. Потоа, се насобраа и граѓаните кои фрлаа и со камења и со црвена боја.
На протестот кој зпочна на плоштадот пред железничката станица во Нови Сад поради трагедијата во која загинаа 14 луѓе, организаторите ги повикаа илјадниците учесници да ги вклучат светилките на мобилните телефони.
Протестот започна со едноминутно молчење за жртвите од трагедијата, а потоа беа прочитани нивните имиња. Дел од учесниците на протестот носеа фотографии од оние кои загинаа при падот на настрешницата на Железничката станица.
Демонстрантите велат дека 48 часа ќе останат таму и бараат исполнување на барањата, односно одговорност.