Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Националниот парк Шар Планина објави видео со кафеава мечка и нејзините две малечки
Македонија

ВИДЕО Националниот парк Шар Планина објави видео со кафеава мечка и нејзините две малечки

19/11/2025

AA

На Фејсбук страницата на Националниот парк Шар Планина е објавено видео каде се гледа како поголема кафеава мечка се шета со своите две малечки мечиња.

„Кафеавата мечка е еден од најзначајните видови на Шар Планина. Овој сештојад вид се храни со растенија, плодови, инсекти, како и со мали и поголеми животни. Како строго заштитен вид, мечката има суштинска улога во одржувањето на природната рамнотежа во националниот парк и пошироко на Балканот. Во видеото, планинари на високопланинските пасишта ги среќаваат мечката и нејзините две мечиња, родени во јануари–февруари 2025 година. Малечките ќе учат од мајката како да преживуваат во дивината во следните две години. Тие се љубопитни, но се оддалечуваат од луѓето, што е типично однесување за мечки“, соопштија од Националниот парк.

Во објавата се вклучени и совети за евентуални средби со мечки:

Средби со кафеавата мечка – што треба да знаете?

Средбите со мечки се исклучително ретки, бидејќи тие се многу срамежливи и ги избегнуваат луѓето.

Мечките имаат развиени сетила за мирис и слух и можат да детектираат човек од голема оддалеченост.

Како да избегнете средба:

Зборувајте погласно, пејте или правете шум при движење.

Избегнувајте густи грмушки.

Не оставајте храна или отпад зад себе.

Селфи со мечка?

Никогаш не се обидувајте да фотографирате мечка, тоа е опасно.

Што да направите ако видите мечка:

Застанете мирно, зборувајте смирено за мечката да ве забележи.

Не трчајте и полека движете се настрана без нагли движења.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД

03/03/2026
Македонија

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу

03/03/2026
Македонија

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од

03/03/2026
Македонија

Едно лице задржано во полициска станица по трагичниот настан во

03/03/2026
Македонија

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и

03/03/2026
Македонија

Уапсен турски државјанин на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, превезувал

03/03/2026
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42161
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД ИЗРАЕЛ Сè уште нема услови

03/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот војната во Иран во саботата до

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби

03/03/2026

Од министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека, согласно најновите податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од внатрешна страна, денеска ќе се

03/03/2026

Основно јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во скопската населба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy