Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Монструмот кој избоде деца во Франција снимен како бега, со денови доаѓал на игралиштето!
Македонија

ВИДЕО: Монструмот кој избоде деца во Франција снимен како бега, со денови доаѓал на игралиштето!

08/06/2023

AA

Според последните информации, полуден мигрант од Сирија утринава околу 9:45 избодел четири деца и двајца возрасни во францускиот град Анеси.

Првичните информации, да потсетиме, беа дека напаѓачот избодел осум деца и возрасни. Нападот се случил на игралиште покрај локално езеро каде, според француските медиуми, тогаш имало група деца на возраст од три до пет години.

Очевидци изјавија за локалните медиуми дека маж со турбан ненадејно влетал во игралиштето и почнал да напаѓа деца.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое наводно се гледа напаѓач со турбан како трча низ игралиштето со нож во рацете додека двајца мажи го бркаат. Засега нема официјална потврда дека на видеото има осомничен мигрант.

🔴 Vidéo du demandeur d’asile syrien a qui poignardé des enfants à #Annecy. pic.twitter.com/RlmTfFDyah

— Damien Rieu (@DamienRieu) June 8, 2023

Осомничениот маж (31) бил уапсен веднаш по нападот. Фигаро објави дека тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година, според нормалната процедура. Во меѓувреме, тој доби статус на бегалец во Шведска со одлука од 26 април 2023 година.

– Сигурен сум дека тој човек доаѓа на игралиште во последните два месеци. Тој беше таму секој ден од утро до вечер и сите го забележуваа бидејќи секогаш беше сам. Го видов првото крваво дете како преминува патот, устата му беше полна со крв, мислев дека го удрил велосипед – изјавила една жена за француските медиуми, додавајќи дека толпата ги упатила полицајците во која насока да тргнат во потрага по напаѓачот.

Локалните медиуми јавуваат дека две деца и еден возрасен се борат за живот. Ле Дофин наведува дека едно дете е пренесено во болница во Женева поради сериозноста на повредите.

Зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон.

– Напад на апсолутна кукавичлук утрово во паркот во Анеси. Децата и возрасните се меѓу животот и смртта. Нацијата е во шок. Нашите мисли се со нив, како и со нивните семејства и со мобилизираните спасувачки служби – одговори Макрон на Твитер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy