
(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упаднал во кинески ресторан и со секира ги нападнал гостите
Четири лица се повредени откако маж со секира и чекан ги нападна рестораните во неколку кинески ресторани во Оукланд, Нов Зеланд. На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледаат луѓе како бегаат од ресторан, откако напаѓач вчера во 21 часот по локално време, наводно, влегол во објектот и почнал да ги напаѓа гостите.
Сведоците рекоа дека мажот имал и голем број други оружја, вклучително и „нешто што личи на чекан“. Полицијата соопшти дека на местото на настанот е уапсен кинески државјанин кој е обвинет за нанесување тешки телесни повреди, пишува Би-би-си.
Властите не го соопштуваат идентитетот на напаѓачот или неговата возраст. Полицијата наведува дека нападот најверојатно не е расно мотивиран и дека во моментов се третира како изолиран инцидент. Таа додаде дека четири лица се повредени, а тројца од нив завршиле во болница и дека се стабилни.
Еден вработен изјавил дека инцидентот започнал неочекувано и дека човекот само „влегол внатре, извадил предмет налик на чекан и ги нападнал луѓето кои седеле на масата“.
Готвач во еден од рестораните рекол дека сè изгледа „како воена зона“: „Таму имаше млада личност на околу 20-ти години, со крвава глава. Таа стоеше некое време, а потоа се струполи на подот“. Еден од сведоците изјави дека напаѓачот и пришол на другарката одзади и ја удрил со секира.

