Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Макрон нападнат од демонстрант во Амстердам
Македонија

ВИДЕО: Макрон нападнат од демонстрант во Амстердам

12/04/2023

AA

Безбедносниот тим на претседателот на Франција мораше да го совлада демонстрантот кој трчаше кон Емануел Макрон за време на неговата посета на Холандија.

Инцидентот се случил кога Емануел Макрон пристигнал на настан на Универзитетот во Амстердам. Ова е втор пат по ред негова државна посета да биде нарушена со протести, по неколкунеделните протести во Франција против пензиската реформа, која Владата ја протурка со декрет.

Un homme crie “On est là, on est là” à l’arrivée d’Emmanuel Macron à l’université d’Amsterdam avant d’être plaqué au sol pic.twitter.com/O3wevOxoUo

— BFMTV (@BFMTV) April 12, 2023


Демонстрантот, соборен на земја, скандирал на француски јазик стихови од песната која е доста популарна на протестите против пензиските реформи, која гласи: „Тука сме, тука сме, дури и ако Макрон не сака, ние сме тука“.


Француските синдикати планираат нови протести на национално ниво против пензиските реформи во четврток.

Уставниот совет в петок ќе каже дали законот и начинот на кој е донесен е во согласност со Уставот или опозицијата може да почне да собира потписи за организирање референдум против него. Доколку законот добие зелено светло ќе може да стапи во сила, што се очекува до крајот на годинава.


Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Емануел Макрон на Холандија.

Претседателот на Франција е изложен на критики од европските и американските сојузници поради неговата надворешна политика.

Француските власти се обидуваат да ја ублажат штетата откако тој минатата недела изјави дека Европа не треба да го ескалира конфликтот околу Тајван, туку наместо тоа да се обиде да изгради сопствена позиција како трет пат меѓу Кина и САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy