
ВИДЕО Комуналците притиснале погрешно копче, па ѓубрето го истоварија среде улица, директорот се извини на битолчани
По инцидентот во битолската населба Недопирливи, кога утрово камион за собирање отпад истури голема количина ѓубре на улицата, директорот на ЈКП „Комуналец“ Битола, Горан Степановски, се огласи со реакција. Тој објасни дека станува збор за ненамерна грешка при подигање на сметот, која за кратко време била санирана.
„Улицата е целосно исчистена и испрана. Им се извинувам на жителите за непријатниот настан и доколку се утврди одговорност, лицата ќе бидат соодветно санкционирани,“ истакна Степановски.
Жителите претходно изразија загриженост за хигиената и здравјето, особено поради високите температури кои денес достигнуваат над 42 степени. Тие велат дека улицата била неодамна асфалтирана и бараат од надлежните да не се повторуваат вакви случаи.