
ВИДЕО Километарска колона за влез во Грција од Македонија на преминот „Богородица“
Грција за македонските државјани не е атрактивна само во летната сезона. Денеска километарска колона на градничниот премин „Богородица“ меѓу Македонија и Грција.
Голем број на граѓани се упатија кон нашиот јужен сосед во викендов пред прославата на Божиќ.
Скопје од утрово е оковано во магла, па семејствата во потрага по сонце, а можеби и божиќно/новогодишна атмосфера најчесто се упатуваат кон Солун, каде има и божиќни маркети.
