Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) Интервју со Милош Биковиќ: Сакам да го посетам Берово, за да видам од каде потекнувам
Магазин

(ВИДЕО) Интервју со Милош Биковиќ: Сакам да го посетам Берово, за да видам од каде потекнувам

15/05/2023

AA

Српскиот актер Милош Биковиќ првпат ја посети Македонија, иако по дедо има потекло од Берово. Вчера во Синеплекс премиерно беше прикажан рускиот филм „Предизвик“ во кој ја игра главната улога. Филмот е прв во историјата снимен во вселената во режија на рускиот режисер Клим Шипенко. Не бил никогаш во Берово местото од каде потекнува негов дедо по таткова линија.

„Да, Биковски. Мислам Биковиќ, тогаш дедо ми го променил презимето затоа што било некое правило на Југославија. Еден од дедовците, односно брат му на дедо ми останал Биковски, а другиот Биковиќ. Така одлучиле едниот да е Србин, другиот Македонец. Не сум бил досега во Берово, но планирам да го посетам“ рече Биковиќ за Репортер.

Во Македонија пиеше бело видно затоа што вели му е полесно, а оттука нема да замине пред да ја проба македонската кујна за која вели „Ја сакам македонската храна, и мислам дека Македонија има добро вино, храна и добра песна“.

Иако беше дојден за премиера на негов филм кој ќе се прикажува во нашата земја, го прашавме дали досега изгледал филм од македонската кинематографија, на што призна дека во последно време нема погледнато ниту еден македонски филм.

Кога има напорен ден, се релаксира со читање книга, а понекогаш и сака да патува.  За новиот филм „Предизвик“,  вели дека кога првпат го прочитал сценариото, она што му го привлекло вниманието е предизвикот да ги научи стручните термини за торакалната хирургија, подготовката на космонаутите кои поминуваат во вселената.

„Да се најдеш во таа центрифуга, авион кој паѓа и кој е единствен на светот кој ви дава можност да бидете во бестежинска состојба, сите тие работи кога ќе се искомбинираат е комплексна задача. Замислете се наоѓате во центрифуга која ви дава 4Г, четири пати од вашата тежина. Ако имате 30 килограми или 50, вие имате 200 килограми, такво е чувството. Другиот предизвик е да се најдеш во авион кој паѓа, и во моментот кога паѓа вие имате бестежинска состојба и при тоа да глумите на руски јазик. Во истиот тој случај да го познавате процесот на торакалната хирургија и сето тоа се предизвици кои мора во исто време да се направат“, раскажа Биковиќ за главната улога во филмот „Предизвик“ за кој информираат регионалните и светските медиуми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
Македонија

Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026

Времето утре, 9 февруари, ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува мерит-систем за 100 институции

08/02/2026

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација,

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА Петрушевски

08/02/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на екс-лидерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy