
ВИДЕО И ја отвори устата на ајкулата за да си ја извади ногата: Се сретна со предаторот, па се снимаше после нападот!
Матео Мариоти (20) од Парма имал средба со ајкула во Австралија, поради што му била ампутирана левата нога под коленото, пишува „Кориере дела сера“. Сцената на нападот ја снимил со камера, а на својот „Инстаграм“ профил им се заблагодарил на пријателите и на сите кои му праќале пораки на охрабрување и поддршка.
„Ми давате сила да го надминам овој страшен момент. Повторувам: „вие сте моите херои“. Во петокот дознав дека починал мојот дедо Џовани. Морав да се опуштам и мислев дека ќе пливам во близина на брегот. Зедов мала камера за снимање риби, но по неколку чекори почувствував страшна болка во стопалото“, изјави Мариоти.
Тој беше на плажата 110, позната локација во Квинсленд. Беше во вода длабока еден метар.
„Тој не ја виде ајкулата како доаѓа. Три пати го нападна одзади. За неколку секунди го одвлече во длабоката вода за да го растргне, како што прават со пленот. Ова го знам затоа што сум нуркал во различни делови на светот и се најдов меѓу ајкули. Матео беше силен, ладен и храбар. Ја отвори устата на ајкулата со рацете за да ја извади ногата“, рекол таткото на Матео.
На социјалните мрежи се појави видео од нападот на ајкулата врз Матео Мариоти. Ве предупредуваме дека видеото има ВОЗНЕМИРУВАЧКА содржина.
На страшната снимка се гледа како водата поцрвенува за неколку моменти од големо количество крв. Може да се слушне и врисоци упатени кон Томасо Агости, инструкторот за нуркање кој бил на плажата.
Томазо го спасил Матео, го извлекол на брегот, му ја преврзал ногата за да го запре крварењето и повикал помош. Мариоти бил пренесен во болница и веднаш бил однесен на операција.
