
ВИДЕО Хамас ослободи две постари Израелки, објавени се и видеа
Хамас ослободи две затворенички од хуманитарни причини и како одговор на катарско-египетското посредување, се вели во изјавата на Абу Обаида, портпарол на вооруженото крило на групата.
Тој рече дека ослободувањето на заложниците е обезбедено „и покрај одбивањето на непријателот да ги прифати од минатиот петок и нивното занемарување на прашањето за нашите заробеници“.
„Одлучивме да ги ослободиме од хуманитарни и лоши здравствени причини… И покрај тоа, непријателот одби да ги прими минатиот петок.
Египетската телевизија Ал Кахера објави видео од ослободувањето на две постари Израелки. На видеото се гледа како од возила на Црвениот крст се префрлаат во египетски амбулантни возила на граничниот премин Рафа со Газа.
Вооруженото крило ослободи две Американки во петокот, речиси две недели откако вооружени лица на Хамас ги киднапираа и десетици други во близина на Газа. Во петокот Хамас ги ослободи Американците Натали и Џудит Раанан.
