
ВИДЕО Груби: Нема веќе „паднав во дупка ги рушив двете гуми“
Првиот вицепремиер Артан Груби преку својот Фејсбук профил на посебен начин го одбележа свеченото отворање на реконструираниот пат Подмоље-Струга-Ќафасан.
Тој порача дека нема веќе „паднав во дупка ги рушив двете гуми“.
„Ветивме целосна реконструкција на патот Струга – Ќафасан и тоа го направивме во предвидениот рок и буџет. Ова е мандатот за реализација на големите ветувања! Нема веќе „паднав во дупка ги рушив двете гуми“ од лошиот пат!“, напиша Груби.
Рехабилитацијата на државниот пат А2, односно делницата Подмоље-Струга-Ќафасан, чинеше скоро 8 милиони евра, а премиерот Ковачевски истакна дека оваа делница е од исклучително значење за овој регион, особено за поттикнување на регионалната соработка, за нови можност за економски врски, културни размени и врски меѓу луѓето на Северна Македонија и Албанија.

