
ВИДЕО Гори депонијата кај СЦ Борис Трајковски
Попладнево избувна пожар во депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, веднаш покрај хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Противпожарната бригада на Град Скопје е на терен за справување со огнената стихија.
Засега не се пријавени повредени лица, но густ чад се ширеше кон околните објекти и можеше да се забележи уште од далеку.
Причините за пожарот засега не се познати. Се очекуваат повеќе информации по завршување на интервенцијата и увидот од страна на надлежните служби.