ВИДЕО Голем пожар во тетовско, гори фабрика за бои и лакови
Голем пожар попладнево избувна во Тетово. Пожарникарите не може да се справат со пламените јазици. Според првичните информации гори во село Фалише.
Пожарникарите од Тетово не може да се справат, па на помош доаѓаат екипи од Гостивар.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско.
Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ,,Еуроком”. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.
Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа Магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.
Оваа вест е во развој…