
ВИДЕО: Голем пожар попладнево избувна над Битола кај Смолево
Денес попладне нов пожар ја зафати територијата на општина Битола, но овој пат во близина на месноста наречена Смолево. Високите температури придонесуваат за брзо ширење на пожарот, а зафатена е голема површина. Комплетната екипа на ТППЕ Битола е на терен, со цел ситуацијата да биде ставена под контрола.
