
ВИДЕО Ги мирисна, ги проба па ги украде: Крадец се „поднови“ со чизми во Струмица
Крадец си се поднови со чизми од пред стан во Струмица.
Според објавеното видео, може да се забележи дека истиот ги мирисна, ги проба дали му се точни а потоа си ги украде.
Видеото е снимено во зграда на улица „Мајка Тереза“ во Струмица, а според станарот ова не се случува првпат.

