
(ВИДЕО) Еве како десетина специјалци апсат Србин во Митровица
Десетина специјалци апсат Србин во Митровица. Се појави видео од денешното апсење на Косово. Човекот откако ги виде специјалците дека му се приближуваат, ги крена рацете и клекна на колена.
Косовската полиција утринава го уапси Ненад О. во Северна Митровица, а акцијата ја изведоа четири единици. На видеото од безбедносната камера може да се види како специјалци со четири џипа го опкружуваат Србинот кој тогаш бил без маица. Тој е осомничен за нападот врз припадниците на КФОР во Звечан. Од доаѓањето на градоначалници Албанци во општините на северот на Косово досега се уапсени осум Срби, а жителите на Грачаница и Ранилуг вчера протестираа поради апсењето на Драгиша Миловановиќ.
Европската Унија (ЕУ) вчера го повика Косово да ги прекине полициските операции во северните српски општини и да распише предвремени локални избори.

