Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) Црнoгорецот кој избрка муслиманско семејство во Бар: Од хигиенски причини, облечените лица не смеат да пливаат во базенот
Регион

(ВИДЕО) Црнoгорецот кој избрка муслиманско семејство во Бар: Од хигиенски причини, облечените лица не смеат да пливаат во базенот

08/08/2023

AA

Човекот кој избрка муслиманско семејство од плажа во Црна Гора, објасни како се случил инцидентот. 

Баран Драган Ѓуровиќ изјави дека ќе поднесе кривична пријава против лицето кое, како што посочува, го монтирало и објавило на социјалните мрежи видеото на кое разговарал со семејството на малолетната И.А. која пливала со облека на „Роки Бич“ во Бар.

Ова видео крена голема бура на социјалните мрежи, бидејќи се смета дека Ѓуровиќ намерно не дозволува капење во буркини.

Државните обвинители во Основното државно обвинителство во Бар и Вишото државно обвинителство во Подгорица оценија дека дејствијата на сопственикот на приватната плажа во Бар немаат елементи на какво било кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, пренесе порталот РТЦГ.

Ѓуровиќ за порталот Приморски изјави дека на базенот Роки Бич во Утјеха не е дозволено да се плива во облека, а тоа е истакнато на таблата пред базенот.  Ѓуровиќ додаде дека во морето можат да пливаат во бурка, хиџаб,  но не и во базен.

„Секој што живее во Бар знае кој е Медо Ѓуровиќ. Цел живот живеам со муслимани, имам пријатели муслимани. Во мојата компанија 80 отсто од вработените се муслимани. Со децении повеќето од моите гости беа муслимани. Работам со муслимани повеќе од 20 години и никогаш не сме имале ниту една расправа. Меѓу моите гости на кои им пречеше девојката која се капеше во бурка беа муслимани. Правилата се исти за сите. Од хигиенски причини, облечените лица не смеат да пливаат во базенот“, изјави Ѓуровиќ за Приморски портал.

Полицијата го повикала човекот и тој дал изјава за настанот. Избрканото семејство го пријавило Ѓуровиќ. Оние кои го објавија видеото прашуваат дали на овој начин ќе го дочекуваат муслиманите во Црна Гора на одмор. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy