
ВИДЕО Бурни реакции за TikTok видео од булеварот „Партизански одреди“: Граѓанин „експериментира“ со отворено сандаче и прекинувач за да провери зошто не работат семафорите
Видео објавено на TikTok од профилот @kateblane предизвика вистинска бура од реакции меѓу скопјани, откако во него се гледа како објавувачот, стоејќи покрај отворено сандаче со прекинувач за струја, експериментира со вклучување и исклучување – за да види што ќе се случи со семафорите на булеварот „Партизански одреди“.
Клипот брзо собра илјадници прегледи и коментари, каде корисниците го споделуваат како доказ за „градските пропусти“ и „занемарување на инфраструктурата“.
