Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објавен нов „Речник на синоними во македонскиот јазик“ од авторите Белчев и Веновска-Антевска
Македонија

Објавен нов „Речник на синоними во македонскиот јазик“ од авторите Белчев и Веновска-Антевска

26/10/2025

AA

Македонската лексикографија е збогатена со ново капитално дело – „Речник на синоними во македонскиот јазик“, авторски труд на д-р Толе Белчев и покојната универзитетска професорка д-р Снежана Веновска-Антевска. Речникот е објавен во издание на „Бата прес“, со поддршка од Министерството за култура како дел од Националната програма за издаваштво за 2025 година.

Овој обемен лексикографски труд се простира на 548 страници и содржи 19.365 заглавни зборови, систематизирани по азбучен ред. Како што наведуваат авторите во предговорот, делото „влегува во богатото семејство на македонски лексикографски трудови“, потсетувајќи на историски дела како четиријазичникот на Ѓорѓија Пулевски и тритомниот речник под редакција на Блаже Конески.

Рецензентот, проф. д-р Максим Каранфиловски, го оцени речникот како „пионерски потфат во македонската лексикографија и лексикологија“, нагласувајќи дека вакви изданија се вистинска реткост во македонскиот јазичен простор.

Особена вредност на речникот е тоа што синонимите се обработени преку асоцијативен модел, што им овозможува на читателите да ги поврзат поимите и со нивните фигуративни и метафорични значења.

Издавачката куќа „Бата прес“ и претходно е позната по објавување на значајни лексикографски дела, како што се „Правописно-нормативен речник на македонскиот стандарден јазик“ и „Речник на туѓи зборови во македонскиот јазик“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат

25/08/2026
Македонија

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа

25/08/2026
Македонија

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026
Македонија

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026
Македонија

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со

25/08/2026
Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45252
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре

25/08/2026

Пожарникарите од Кавадарци, поддржани од екипите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), продолжуваат со интензивните активности за целосно локализирање

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри – успехот го прослави со 11-месечното

25/08/2026

Македонската борачка Вероника Консевиќ оствари голем успех на Медитеранските игри, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата слободен стил до 57

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи

25/08/2026

Една недела пред почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во учебната 2026/2027

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy