Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно
Економија

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

21/11/2024

AA

Игор и Дејан Кимовски, сопственици на СЕТЕК, се најновите гости кои ги гледаме во „Бизнис муабети“ на Фактор. Почнуваат од нула пред 31 година, а денес имаат повеќе од 500 вработени, приходи преку 60 милиони евра и профит над 2 милиони евра.

Започнале со продажба на големо на десктоп компјутери и ИТ дистрибуција како претходна компанија пред ребрендирањето на „Сетек“. Потоа следувала ТВ и аудио опрема

Игор започнал со бизнисот кога имал 18 години, додека помалиот Дејан тогаш имал 16 години. Љубовта кон компјутерите ги привлекло да станат претприемачи. Браќата додаваат дека во меѓувреме за успех било потребно и добра логистика, кредитирање и маркетинг.

– Одевме по саеми, а имавме само по околу 20 години. На таа возраст требаше да оставиме добар впечаток кај странците за да ја стекнеме нивната доверба и да ги застапуваме нивните брендови, вели Игор.

Еден од добрите потези,според браќата бизнисмени, било купувањето на познатиот сервис „Видео Дата“, а велат дека речиси целата добивка секогаш ја реинвестираат следната година.

– Најмногу се продаваат машини за перење, но најмногу издвоени пари за еден производ што се купува е мобилниот телефон. Купувачите сакаат да имаат скап мобилен телефон и даваат по 100.000 денари за еден, рече Дејан.

Браќата велат дека производите не ги купуваат преку увозници, туку дека имаат директни договори со „Самсунг“,„Бош“, „Филипс“, „Ел-Џи“ „Мидеа“ и „Електролукс“, но за тоа претходно требало успешно да ги убедат генералните директори за соработка и продажба на нивните брендови.

Според браќата, мрежата од повеќе од 30 продавници е оптимизирана и повеќе нема да се отвораат нови салони,туку концентрацијата ќе биде насочена на подобрување на квалитетот и услугите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy