
ВИДЕО Автомобил излета од коловозот во Штип
Сообраќајна незгода се случила денеска во Штип, каде автомобил излетал од коловозот и завршил превртен на страна.
На видеоснимка објавена на социјалните мрежи може да се забележи возилото како лежи на страничната страна покрај патот.
Засега нема официјални информации дали во незгодата има повредени лица, ниту пак детали за причините поради кои дошло до излетувањето од патот. Се очекуваат повеќе информации од надлежните служби.
