
(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта
Ајкули се видени во две познати грчки летувалишта и тоа во плиткото блиску до брегот.
По Волос, ајкула е видена во друго грчко одморалиште. Случајни минувачи снимиле ајкула во Глифада.
На социјалните мрежи се појави видео од ајкула како плива кај пристаништето. Таа залутала во плиткото. Во неделата во Волос, кај пристаништето е забележана ајкула долга 3,5 метри.
Во 2022 година, туристи настрадаа при напад на ајкула во Египет.