Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Веспрем го преслуша европскиот првак, триумф за Митревски со Порто
Спорт

Веспрем го преслуша европскиот првак, триумф за Митревски со Порто

14/09/2023

AA

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, прослави победа во првиот меч од новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Неговиот Порто, пред домашната публика ја совлада Висла Плоцк со 24-23.

Митревски најголемиот дел од мечот го мина на клупата, главно затоа што неговиот колега, Диого Рема Маркеш имаше добар настап, со 10 одбрани. Македонскиот чувар на мрежата не успеа да запише интервенција. Порто имаше проблематично прво полувреме, во кое константно губеше, дури и со четири разлика, за на одмор да замине со 11-13.

Во второто полувреме успеа да направи пресврт токму со гранитната одбрана, но предводени и од Кристенсен и Оливеира во нападот со по пет гола. Кај Висла, Крајевски броеше до пет гола.

Во исто време, актуелниот европски шампион капитулираше на домашен терен во мечот со Веспрем и тоа релативно убедливо, со 28-33. Интернацоналниот тим на Унгарците уште рано го презеде водството и наметна темпо, кое Магдебург не успеа да го следи, протегајќи го своето водство до највисоки плус шест, во вториот дел. Фабрегас и Касадо со по шест гола беа најефикасни, а Дамгард постигна толку кај бундеслигашот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44920
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе скратена постапка против 46-годишен возач осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026

Доколку до 22 август 2026 година надлежното обвинителство не поднесе обвинителен акт против Артан Груби, тој по automatзам ќе биде

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од 1 септември

09/08/2026

Македонија се соочува со драматичен демографски пад, предизвикан од намалениот наталитет, брзото стареење на населението и масовното иселување на цели

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy