Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Венко Филипче го номинира Александар Трајановски за нов потпретседател на СДСМ
Македонија

Венко Филипче го номинира Александар Трајановски за нов потпретседател на СДСМ

13/11/2025

AA

Кандидатот за градоначалник на скопската општина Аеродром на изминатите локални избори, Александар Трајановски, ќе биде назначен за нов потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ). Ова на денешната прес-конференција го соопшти лидерот на партијата, Венко Филипче, коментирајќи ги најавените промени во раководството по изборните резултати.

„На потпретседателската позиција ќе го номинирам д-р Александар Трајановски, во моментот член на Извршниот одбор“, изјави Филипче.

Лидерот на СДСМ истакна дека Трајановски е „исклучително посветен на партијата“ и дека имал одлична кампања на локалните избори со која привлeкол многу внимание.

„Сметам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на ова ниво на партијата“, кажа тој.

Александар Трајановски е специјалист ортопед и трауматолог. Тој е поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија и реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Досега ја извршуваше функцијата член на Извршниот одбор на СДСМ.

Оваа промена во раководството доаѓа откако по вториот изборен круг од локалните избори, една од потпретседателите на СДСМ, Ана Чупеска, поднесе оставка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy