
ВЕЛОСИПЕД ЗА ДЕЦА ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО – поради безбедносен ризик
Велосипедот наменет за деца на возраст од 5 до 6 години итно се повлекува од пазарот во соседна Србија откако била утврдена помала ефикасност на сопирачките, што може да претставува ризик за безбедноста.
– Детскиот велосипед се повлекува поради ризик од повреда, бидејќи е утврдено дека сопирачките биле помалку ефикасни – е објавено на веб-страницата на NEPRO.
Детски велосипед од марка Venera Bike модел LILOO16 наменет за деца на возраст од 5 до 6 години со сериски броеви 205101-205155, 214400-214381, 207901-208000 и 213297-213273, се вели во образложението за повлекувањето на производот.
Моделот на детски велосипед LILOO16 има малку помала ефикасност на сопирањето, што може да влијае на контролата при возење, поради што постои можност за намалена ефикасност на системот за сопирање и потенцијален безбедносен ризик, што може да резултира со паѓања и повреди.
Повикување од страна на потрошувачите – За овие модели е обезбедена бесплатна замена на сопирачките, со можност за замена на целиот производ или враќање на парите, според изборот на купувачот.
Извор: Блиц.рс
Фото: Принтскрин/Х