Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

AA

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите се воздржани – најчесто купуваат минимално или само разгледуваат, правејќи внимателни пресметки пред секој трошок.

Цените на основните прехранбени производи достигнаа ниво кое за многумина е тешко достапно. Јагнешкото месо, традиционален симбол на празничната трпеза, годинава достигнува и до 700 денари за килограм. Покрај него, поскапени се и јајцата, маслото за јадење, како и сезонскиот зеленчук.

Доматите и пиперките, кои се неизоставен дел од празничните трпези, во дел од маркетите и пазарите се продаваат по цени повисоки од 200 денари за килограм. Граѓаните велат дека ваквите цени ги принудуваат да купуваат само најосновно, наместо да подготват богата трпеза како порано.

„Секој купува колку може, не како што сака“, велат дел од купувачите, додавајќи дека мерки требало да има пред празниците, а не по нив. Дел од граѓаните се снаоѓаат така што пазарат во помали градови, каде цените се пониски, додека други се надеваат на намалувања по празниците.

Ценовниот притисок не е изолиран само на неколку производи – поскапување се забележува речиси кај сите категории, особено кај овошјето. Според последните податоци, инфлацијата повторно бележи раст и во март достигнала околу 5 проценти на годишно ниво.

Економските аналитичари предупредуваат дека глобалните случувања, особено нестабилноста на Блискиот Исток, директно влијаат врз цените на храната и енергенсите. Премиерот најави дека земјата ја очекува економски предизвикувачка година, а можни мерки за стабилизирање на цените се разгледуваат, меѓу кои и укинување на ДДВ за одредени производи и ограничување на трговските маржи.

Сепак, граѓаните остануваат скептични и велат дека за оваа година, празничната трпеза ќе биде поскромна од кога било – не по избор, туку по потреба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42368
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по полноќ од земјотрес од 3,1

11/04/2026

Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска беше почувствуван во источниот дел на државата. Според информациите на Сеизмолошка

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy