
Вечерва СДСМ има седница на Извршниот одбор!
СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот одбор, на која лидерот Венко Филипче ќе го предложи д-р Трајановски за нов потпретседател на партијата.
Овој предлог, според партиски извори, е дел од поширокиот процес на кадровски освежувања што Филипче ги најави по локалните избори.
Филипче порача дека промените ќе продолжат и побара трпение од членството, најавувајќи дека новото раководство ќе биде составено од луѓе со професионален и политички интегритет.
