
ВЕЧЕРВА КРАТКОТРАЕН ДОЖД И СНЕГ ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ Ќе дува засилен северен ветер

Денеска, (вторник) во попладневните и во вечерните часови во Македонија, и тоа особено во северните предели, не очекува краткотрајна промена на времето со зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд во пониските места, како и повремен снег на планините, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски на порталот Метеоаларм.
Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието, со брзина до 60 км/час. Температурите ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
.
