Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Важно е граѓаните да ги знаат фактите за влезот во ЕУ, вели Маричиќ
Македонија

Важно е граѓаните да ги знаат фактите за влезот во ЕУ, вели Маричиќ

02/04/2023

AA

Важно е граѓаните да ги знаат фактите за тоа како секојдневниот живот ќе се промени на подобро кога државата ќе влезе во Европската Унија и дека што повеќе гласници има пристапниот процес, помал ќе биде просторот за дезинформации и манипулации, рече заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Во интервјуто за Институтот за медиуми и аналитика – ИМА, како што пренесуваат од кабинетот на вицепремиерот, тој наведува дека самиот процес на пристапување кон Европската Унија е комплексен, долготраен и со многу детали, и според него, тоа го прави подложен за дезинформации.

– Не сме првата држава којашто се соочила со таа борба против дезинформациите во својот процес на пристапување кон Европската Унија. Но, за жал ние имаме и потешки прашања, коишто се врзани, нели, со идентитетот и со теми поврзани со нашиот Устав, нашиот правен систем и начинот на којшто функционира државата. И затоа толку е подложна на дезинформации, затоа е толку тешко да се бориме со тоа, наведе тој.

Вицепремиерот укажа дека Владата прави напори целиот процес на преговори да биде потранспарентен и смета дека покрај секојдневното повторување и аргументите дека преговорите се почнати и кои се бенефитите од нив, и од страна на нашата Влада, но и од страна на Европската Комисија и државите – членки, неопходна е и перманентна едукација на граѓанските организации, но и перманентна едукација на медиумите околу процесот на пристапување кон ЕУ.

– Ние почнавме со таа едукација, со една група од петнаесетина новинари, на коишто покрај посетата на Брисел им подготвивме и претходно програма за обука за да го разберат политичкиот и економскиот систем на Европската Унија подобро и да можат подобро да ги информираат граѓаните. Што повеќе гласници има процесот на европски интеграции, тоа подобро за граѓаните, и тоа помалку простор за дезинформации, манипулации, и шпекулации, посочи Маричиќ.

Во врска со прашањето до каде сме со скринингот, за неговата важност и што треба да очекуваме, Маричиќ кажа дека планот на Владата е до крајот на ова декада Северна Македонија да биде подготвена за членство во Европската Унија.

– Во наш интерес е што побрзо да ги исполниме нашите обврски. Скринингот е завршен за два клучни кластери, за кои очекуваме Извештаи. Врз нивна основа ќе треба да подготвиме документи за реформи, во кои ќе бидат дефинираме нашите обврски до членството во ЕУ, во зададена временска рамка, којашто ние самите ќе ја зададеме, истакна Маричиќ.

Во продолжени, наведуваат од кабинетот, тој детално објасни дека скринингот целосно е завршен за два клучни кластери: Кластерот 1 „Темелни вредности“, каде што се и правда, правосудство, темелни права, човекови права, фискална политика, финансиска контрола, јавни набавки, значи важни теми, економски критериуми, слобода на медиуми, значи, суштинските теми од политичкиот систем и од судскиот систем, и од правниот систем, како и вториот Кластер, „Внатрешен пазар“, којшто исто така е суштински за функционирање на тој внатрешен пазар на ЕУ, и за отворање на нашиот пазар кон пазарот на ЕУ. Маричиќ кажа дека „сега сме во третиот Кластер „Конкуренција и инклузивен раст“ и дека „паралелно го отворивме скринингот за четвртиот кластер, а тоа е зелена агенда и транспортна политика. Така што, навлегуваме, веќе сме скоро на половина од тој процес на скрининг“.

– По завршувањето на сите поглавја во сите кластери, ќе добиеме Извештај за секој кластер, врз основа на кој ќе треба да подготвиме документи за реформи. Во првиот кластер се тие Патокази што се спомнуваат, во кои треба да ги опишиме нашите обврски до членството во Европската Унија. Потоа, како што се отвораат, ќе треба да ги исполнуваме задачите, да се нотира напредокот. И во зададена временска рамка, којашто ние самите ќе ја зададеме, значи нема да нè притиска Европската Унија да направиме нешто во определен рок ако ние не сме подготвени и не го прифатиме како обврска, рече Маричиќ.

За дезинформациите околу процесот на преговори со ЕУ и за текот на скринингот вицепремиерот Маричиќ разговараше во првиот дел од интервјуто за платформата „Деполаризирај се“ што е дел од проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни, вклучувачки институции: придонес на граѓанското општество“, кој го спреведува Институтот за медиуми и аналитика-ИМА Скопје.

Во вториот дел од интервјуто, кое ќе биде објавено утре, Маричиќ одговора на прашања кои се фокусирани на Патоказот за функционирање на демократските институции, реформата на јавната администрација, што по завршувањето на скринингот, дали преговорите со ЕУ ќе продолжат и кога ќе се отвори првиот кластер – фундаментални вредности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45927
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ Обвинителството бара да му биде

01/10/2026

Нова истрага е отворена против Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, овојпат за давање поткуп на службено лице

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy