
Вардар претстави и тинејџер од Брера
Станува збор за Марио Костов кој идниот месец ќе наполни 19 години, а во таборот на „црвено-црните“ доаѓа од тимот на Брера Струмица. Фудбалерот роден во Валандово игра во нападот и би требало да биде инвестиција за иднината.
Вардар се наоѓа на подготовки во Словенија, а за десетина дена треба да почне со првите пријателски натпревари.