
Вардар ги почна подготовките за новата сезона
„Црвено-црните“ се собраа во „Јане Сандански“, а присутни беа и седумте нови засилувања за претстојната натпреварувачка кампања: Томче Стојановски, Дмитро Горига, Младен Крсманчиќ, Марио Танкоски, Ашраф Маргели, Мигел Пинто и Ларс Крој.
Според планот на стручниот штаб, десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“, потоа екипата заминува во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките. Таму Вардар ќе престојува во периодот од 26 јули до 3 август, по што се враќа во Скопје. Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 17 август, и во Охрид од 20 до 24 август.
Во меѓувреме, „црвено-црните“ треба да ги добијат противниците во Лигата Европа во која ќе се натпреваруваат претстојната сезона.