Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градежните активности за два факултета на УКИМ со години во застој, потребни уште 22 милиони евра
Македонија

Градежните активности за два факултета на УКИМ со години во застој, потребни уште 22 милиони евра

02/09/2025

AA

Државниот завод за ревизија утврди дека изградбата на објектите за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје сè уште е неизвесна, иако проектите започнаа пред речиси една деценија.

Според извештајот, во периодот од 2016 до 2019 година за овие проекти се исплатени вкупно 179.320 илјади денари, односно околу 2,92 милиони евра. Сепак, и покрај вложените средства, објектите остануваат недовршени, а напредокот е минимален.

Анализата на ревизорите покажала дека за комплетирање на изградбата ќе бидат потребни дополнителни 1.349.720 илјади денари, што е приближно 21,95 милиони евра, како и уште три години рок за завршување на активностите.

Овие податоци ја отвораат дилемата за ефикасноста на досегашното управување со капиталните инвестиции во високото образование, особено имајќи предвид дека станува збор за факултети од суштинско значење за развојот на спортските науки и информатичката технологија во државата.

Ревизорите предупредуваат дека неизвесноста околу реализацијата носи дополнителен финансиски ризик и ја доведува во прашање оправданоста на вложените средства доколку не се обезбеди континуирано и целосно финансирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy