
Вања била грабната од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе ја ставиле во вреќа за спиење а потоа во возило!
Министерството за внатрешни работи информираше за детали околу случајот со убиената 14-годишна Вања.
Според информациите, токму таткото на девојчето ги кажал сите движења на девојчето со цел убијците да изнудат пари од мајката.
Министерот Оливер Спасовски вели дека Вања била грабната од внатрешнот дел на зградата во која живеела.
„Грабната е од внатрешнот дел на зградата, ја ставиле со врзани раце и нозе во вреќа за спиење, и потоа ја стават во возилото „цитроен“. Пред нив се движи возило канго, а однесена е надвор од Скопје , по што е убиена, а колата е запалена“, објасни Спасовски.
Грабнивачите односно лицата кои биле во ова возило добиле информации од вечерта дека Вања ќе биде сама.
„Немаме докази дека е почнато нешто за барање откуп ние ги знаеме мотивите дека однапред кога се договорале мотивите биле парите и изнуда. Од досегашниот исказ не знам дали нешто ќе се смени се уште таткото ги негира овие дејствија. Значи неговата инволвираност која е посредна ја наоѓаме од контекст дека едното лице ова го знае во контакт со таткото. Ќе се бара притвор бидејќи имаме сомненија за негова вклученост. Може утре ќе излезат докази“, додава Спасовски.