Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЖАС ВО СКОПЈЕ: Три лица присилно внеле друго лице во возило, потоа го истепале и го прободеле со нож
Македонија

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Три лица присилно внеле друго лице во возило, потоа го истепале и го прободеле со нож

04/05/2024

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Разбиена измамничка мрежа: Од стари лица извлекле 3,7 милиони денари

22/02/2026
Македонија

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета

22/02/2026
Македонија

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026
Македонија

ПОЧИНА СТРУЖАНКА ОТКАКО ВО НЕА УДРИ КАМИОН Возачот е приведен

22/02/2026
Македонија

Жена физички нападната од својот партнер во Градски парк

22/02/2026
Македонија

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот

22/02/2026
Македонија

МВР за пожарот во Струмица: Две возила опожарени – се

22/02/2026
Македонија

ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41780
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Разбиена измамничка мрежа: Од стари лица извлекле 3,7 милиони денари

22/02/2026

СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета на натпревар

22/02/2026

На 21.02.2026 година во 19:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(23) од Скопје. Тој на

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026

На 21.02.2026 околу 18:04 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје е пријавено дека во установата Ш.М. физички го

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy