Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре не одете во „Матично“: Шалтерите затворени, вработените почнуваат бојкот – бараат 20% повисоки плати
Македонија

Утре не одете во „Матично“: Шалтерите затворени, вработените почнуваат бојкот – бараат 20% повисоки плати

15/12/2025

AA

Граѓаните кои за утре (вторник, 16 декември) планирале да вадат документи од Управата за водење на матични книги, треба да ги одложат своите обврски. Вработените во оваа институција најавија еднодневен бојкот на работата, што значи дека шалтерите ќе останат затворени за странки.

Од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) појаснуваат дека ова е предупредувачки чекор по цела година неуспешни преговори со надлежните.

Вработените утре физички ќе бидат присутни на своите работни места во канцелариите, но нема да издаваат никакви документи – ниту изводи, ниту венчаници, ниту потврди.

Главната причина за револтот е економскиот статус на вработените. Синдикатот бара линеарно покачување на платите од 20 отсто.

Аргументот за ова барање е специфичната тежина на работата и фактот што службениците секојдневно ракуваат со доверливи лични податоци на граѓаните, а за возврат добиваат, според нив, несоодветен третман.

Од Синдикатот испратија и јасно предупредување до Владата и раководството: доколку овој еднодневен бојкот не вроди со плод и не добијат одговор на барањата, следен чекор е активирање на генерален штрајк, што би значело целосна блокада на издавањето документи на неодредено време.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Грчев: Знамето треба графички да се доработи

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Малолетно дете физички нападнато од повозрасна жена во Кисела Вода

08/09/2026
Македонија

Објавуваме ретка видео анкета од 1991: Што изјавија граѓаните на

08/09/2026
Македонија

35 години од историскиот чин: Вака изгледа Декларацијата за сувереност

08/09/2026
Македонија

Наместо безбедно враќање дома од Острог – трауматично патување: патници

08/09/2026
Македонија

Поранешниот струмички градоначалник Коста Костадинов стана татко: Се роди малиот

08/09/2026
Македонија

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45542
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Грчев: Знамето треба графички да се доработи

08/09/2026

Авторот на македонското државно знаме, архитектот и професор Мирослав Грчев, смета дека државните симболи не треба да бидат недопирливи и

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ – Горан Михајловски го чува првиот

08/09/2026

Триесет и пет години по прогласувањето на независноста, новинарот на СДК.МК, Горан Михајловски во својата домашна архива чува предмети кои

Малолетно дете физички нападнато од повозрасна жена во Кисела Вода

08/09/2026

На 07.09.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, Љ.М.(49) од Скопје пријави дека околу 10:20 часот на подрачјето на Кисела

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy