
Утре голем дел од Скопје ќе биде без вода
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека утре (30.11.2025), поради уличен дефект со дијаметар ф 400 мм на улица Бутелска бб до сервис „Топал“, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од следните улици: Бутелска, Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Калински, како и делови од Бутелска од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14.
Прекинот ќе започне од 11:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Исто така, утре, поради технички зафат на булеварот Александар Македонски бб, прекин или намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од следните локации:
бул. Александар Македонски
дел од ул. 808
дел од бул. Киро Глигоров
Населба Автокоманда (низка зона, намален притисок)
Триангла (намален притисок)
Населба Хиподром (намален притисок)
ул. Перо Наков кај Кванташки пазар (намален притисок)
Населба М.А.Ченто (прекин на водоснабдување)
ул. Маџари (прекин на водоснабдување)
ул. Палмиро Тољати (прекин на водоснабдување)
село Сингелиќ (прекин на водоснабдување)
Прекинот ќе започне од 05:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности на терен. ЈП „Водовод и канализација“ апелира до граѓаните за разбирање и трпение.
