Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше, вечерва ќе бидат отворени дверите на храмот
Македонија

Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше, вечерва ќе бидат отворени дверите на храмот

29/07/2023

AA

Црква посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше, која е изградена со многу љубов и големи заложби на Бигорското братство, предводено од апископот Антаниски г. Партениј и на иницијативниот одбор од ова село, утре ќе биде осветена а според програмата активностите почнуваат од вечерва.

– Во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза, информираат од Бигорскиот манастир.

По Вечерната богослужба, со своја културно-музичка програма ќе настапи хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој ќе изведе традиционални византиски каланди.

-Утре, 30 јули, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија, наведуваат од манастирот.

По историскиот чин на осветувањето и архиерејската Литургија со своја традиционална културно-уметничка програма ќе настапат составот „Чалгија мерак“, како и ансамблот „Македонија“.

По тој повод Свештената бигорска обител, со голема чест и радост ги поканува почитуваните верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствуваат на овој свет и значаен настан за овој крај.

Според историски извори, со сигурност се знае дека во ова долнореканското село суштествувал велелепен храм посветен на Пресвета Богородица, уште од византиско време, но бил разурнат и на негово место изграден друг објект.

Храмот е идејно обмислен од страна на владиката Партениј, изграден е од камен и од тули, во препознатливиот византиски стил опус микстум, и структурно наликува на старата црква што била на сред село, крстообразна, со голема купола на средината, со конхи од страните и со камбанарија над тремот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy