Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСВОЕНО: Бугарија ја укинува давачката за рускиот гас, еве што им ја забрза одлуката
Економија

УСВОЕНО: Бугарија ја укинува давачката за рускиот гас, еве што им ја забрза одлуката

18/12/2023

AA

И покрај прекините, поради противењето на опозицијата, со гласање беше укината дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што примарно е во корист на рафинеријата Лукоил Нефтохим, пренесува бугарскиот портал Новините.

Дополнителниот данок на рускиот гас беше укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

Потегот на Владата во октомври да наметне давачка за намалување на профитот на рускиот Гаспром ја зголеми загриженоста за високите цени и прекините на снабдувањето низ југоисточна Европа. Додека Бугарија допрва треба да им наплати на клиентите на својот мрежен оператор, унгарските власти тоа го нарекоа „непријателски чекор“ и повикаа на истрага на ЕУ за одлуката.

Да потсетиме, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно денеска најави дека Унгарија ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната доколку не ја укине транзитната такса на рускиот гас. Тој рече дека Будимпешта јасно ѝ ставила до знаење на Софија дека ќе стави вето на Бугарија доколку таксата остане на сила за главниот пат за гас до Унгарија.

„Им кажавме на Бугарите дека ако го задржат овој данок, ако ја загрозат безбедноста на унгарското снабдување со енергија, ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген“, рече Сијрото, пренесе Ројтерс. Британската новинска агенција пренесува дека, додека повеќето западноевропски земји одлучија постепено да го укинат рускиот гас, Унгарија добива 4,5 милиони кубни метри гас од Русија годишно, по договорот од 2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy