Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставен суд го одби судијата Димовски: Немало дискриминација од Судскиот совет, бидејќи нема со кого да се спореди
Македонија

Уставен суд го одби судијата Димовски: Немало дискриминација од Судскиот совет, бидејќи нема со кого да се спореди

13/11/2025

AA

Уставниот суд на Република Северна Македонија го одби барањето на судијата од Основниот граѓански суд во Скопје, Андреј Димовски, кој бараше заштита од дискриминација по основ на социјална припадност. Судијата Димовски тврдеше дека бил дискриминиран од Судскиот совет, кој не му ја вреднувал работата во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур при огласот за унапредување во Апелациониот суд.

Уставниот суд, иако го одби барањето, во својата одлука јасно му укажа на Судскиот совет дека има „позитивна обврска“ да создаде механизам со кој искуството од меѓународните судови ќе се вреднува и нема да претставува „хендикеп“ за напредок на судиите.

Случајот започнал кога Судскиот совет го испратил судијата Димовски на привремена работа и обука во ЕСЧП во Стразбур во текот на целата 2019 година.

Кога Димовски се пријавил на оглас за судија во Апелациониот суд во Скопје (објавен во декември 2023 г.), Судскиот совет го спровел задолжителното оценување за периодот 2019-2022 година. Притоа, за 2019 година – кога судијата работел во Стразбур – не му биле доделени никакви бодови.

Образложението на Судскиот совет било дека нивната Методологија за оценување немала параметри врз основа на кои би се бодувала работата во меѓународен суд. Ова директно го ставило Димовски во понеповолна положба во споредба со останатите кандидати, бидејќи влегол во трката со помал број стартни бодови (оценет само за 3 наместо за 4 години).

Судијата Димовски повел правна битка против ваквото оценување. Интересно е што тој успеал да издејствува две победи пред другите судови:

И покрај ваквите процедурални победи, Уставниот суд сепак утврдил дека немало дискриминација во уставна смисла.

Судот во образложението наведува дека за да се утврди дискриминација, мора да постои „компаратор“ – односно друго лице во иста или слична ситуација кое било третирано поинаку.

Останатите колеги-судии кои биле оценети за 4 години не се релевантна споредба, бидејќи тие цело време работеле во домашните судови.

Судијата Димовски посочил дека при избор на друг судија во Апелација, Судскиот совет во образложението позитивно го коментирал искуството на кандидатот од ЕСЧП. Но, Уставниот суд оценил дека тоа било „само позитивен коментар“, а не дека кандидатот бил формално бодуван за тоа искуство.

Клучниот аргумент на Уставниот суд се базира на известувањето што го добил од Судскиот совет (Известување бр.03-86/4):

„Судскиот совет само еднаш одлучувал за избор на судија за упатување на времено континуирано доусовршување и обука во Европскиот суд за човекови права, кога… го избира судијата Андреј Димовски… Освен за судијата Андреј Димовски, Судскиот совет не одлучувал за други вакви случаи.“

Бидејќи Димовски е единствениот судија што бил во ваква ситуација, Уставниот суд заклучил дека „отсуствува релевантна споредлива ситуација“ и затоа не може да се утврди нееднаков третман, односно дискриминација.

Иако го одби барањето, Уставниот суд во одлуката му даде јасна препорака на Судскиот совет. Судот цени дека Советот има „позитивна обврска“ да воспостави „јасни, предвидливи и правично применливи критериуми“ за во иднина.

Според Уставен, ангажманот во ЕСЧП треба да се смета за „стручна и институционална додадена вредност“ и „квалитативен придонес“ за домашниот судски систем, а не смее да се третира како фактор што го попречува професионалниот развој на судиите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy