
Уставен им врати на ЕФ: Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија!
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, останува на ставот дека нема да коментира политички изјави и постапки, информираат од Уставниот суд по најавата за интерпелација против него.
Од Судот потсетуваат дека уште на 13 март 2025 година имаат објавено официјален став во врска со можноста за интерпелација на уставен судија. Во него се наведува дека Уставот не предвидува механизам за разрешување на уставен судија од страна на ниту една од другите власти – ниту законодавна, ниту извршна.
„Институтот ‘интерпелација’ од членот 72 од Уставот не се однесува и не може да се примени за уставните судии“, се вели во ставот на Уставниот суд.
Со ова Судот повторно ја отфрли можноста за вмешување на политичкиот систем во независноста и работата на уставните судии.

