Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Успешно претставување на македонското вино на најголемиот вински саем во светот „Prowein“
Економија

Успешно претставување на македонското вино на најголемиот вински саем во светот „Prowein“

24/03/2023

AA

Дванаесет македонски винарници
ги претставија своите вина на „
Prowein“ –најголемиот вински настан во
светот, кој се одржа од 19 до 21 март 2023 во Дизелдорф.

„Prowein“е еден од најпрестижните
саеми во светот кадешто компаниите воспоставуваат и одржуваат деловни односи со
меѓународни соработници и увозници. На овој саем се претставуваат извозно
ориентирани винарници, чие производство ги задоволува потребите за пласман на
странските пазари во однос на квалитетот на виното и бараните количини.

Бројните посетители искажаа
задоволство и интерес за понудата и квалитетот на нашите вина кои беа изложени на
заедничкиот штанд. Таму беа присутни вината на „Тиквеш“, „
TikvesCheataux&Domaines”, „Стоби“,
„Камник“, „Бовин“, „Венец“, „Шато Сопот“, „Милев“, „Далвина“, „Езимит“, „Попов“
и „Имако“.

Ова се само дел од нашите
извозни компании кои се вистински амбасадори на нашата држава. Над 80 отсто од
произведеното вино се извезува додека вредноста на извезеното вино во 2022 е
околу 58 милиони евра со што виното е значаен учесник во трговската размена и придонесува
кон економскиот развој на државата.Од година во година расте учеството на
извезено вино во шишиња на сметка на наливното вино, расте просечната цена на
извезен литар, што значи дека напорите за промена на стратегијата на секторот
вродуваат со плод и се гради имиџот на државата како винска земја.

Во официјалната програма на
саемот нашите вина од сортата Вранец беа претставени на мастеркласот „Вранец:
Откривање на најдобро сочуваната тајна во винскиот свет“ презентиран од страна
на Керолајн Гилби (
Caroline
Gilby)Master of Wine.
Делод посетителите за прв пат ја
пробаа оваа сорта која е наша перјаница и гордост на винската индустрија.
Настанот го посети и македонскиот амбасадор во Берлин, Васко Грков; директорот
на саемот
, Питер
Шмиц (
Peter Schmitz).

Заедничкиот штанд и претставувањето на овие винарници
беше  организираноод Здружението „Вина од
Македонија“, со финансискаподдршка од винариницте и од Министерството за
земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.

На „Prowein“годинава присуствуваа 49.000
посетители од 141 земја кои имаа можност да посетат околу 6.000 изложувачи од
повеќе од 60 земји. Повеќе од 65 отсто од посетителите беа лица кои се вклучени во
набавки на вино. Преку богатата програма на различни содржини, дегустации и
мастеркласови, производителите на вино и алкохолни пијалоци ги приближијасвоите
понудина бројните купувачи, дистрибутери и увозници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44769
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026

Полициска акција спроведена утрово во гостиварското село Равен резултираше со апсење на едно лице, откако при претрес во неговиот дом

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy