
Условна казна и забрана за влез за Германец кој ширел омраза пред натпреварот Шкендија–Карабах
СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ од член 319 од Кривичниот законик.
Пријавениот на 05.08.2025, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабах“, со истакнување и веење на знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Полициски службеници го лишиле од слобода додека Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години и донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.