
Уште една сензација во Копа Италија: Болоња го исфрли бранителот на трофејот! (ВИДЕО)
Тимот предводен од Тијаго Мота славеше на гостувањето на „Џузепе Меаца“ со 2-1 и го елиминира освојувачот на последните два трофеја во Копа Италија, Интер, екипа која е и лидер на табелата во Серија А во моментов. Ништо не одеше според желбите и очекувањата на Интер на овој натпревар, Лаутаро Мартинез промаши пенал во 65. минута, а потоа и покрај водство од 1-0, „нераѕурите“ примија два гола.
Во регуларниот дел, натпреварот заврши 0-0, па сите три гола беа постигнати во продолжението. Во 92. минута Карлос Аугусто го донесе Интер во водство и се чинеше дека со тоа е скршен отпорот на Болоња. Сепак, така не мислеа Беукема и Ндоје кои во 112. и 116. минута се погрижија за сензацијата во оваа фаза.
Во четвртфиналето, Болоња ќе игра против Фиорентина која пред две недели беше подобра од Парма со 3-2.
