Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓуровски: Дојавите за бомби може да потраат, зависи од текот на глобалните случувања
Македонија

Ѓуровски: Дојавите за бомби може да потраат, зависи од текот на глобалните случувања

23/02/2023

AA

Се работи за организиран пристап и веројатно зад дојавите за поставени бомби стои организирана група, но дали држава или меѓународна организација останува одговорот да го даде истрагата и меѓународните воени безбедносни организации, смета проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет.

Во изјава за медиумите тој рече дека се работи за најголемиот општествено безбедносен предизвик на државава од нејзиното осамостојување зашто заканувачките пораки за експлозивни направи, кои се праќаат по електронска пошта, предизвикуваат страв и паника кај населението, особено кај помладата популација, и целта е да поттикнат недоверба кон институциите и нивната функционалност.

Проблемот е во лоцирањето на испраќачите бидејќи, рече, доаѓаат од некои виртуелни ИП-адреси и на тоа треба да работат стручните по информатичка безбедност. Освен две-три ИП-адреси кои се лоцирани на територијата на државава, рече Ѓуровски, сите останати дојави по електронски пат доаѓаат надвор од Северна Македонија.

-Треба да бидеме трпеливи и да се работи со населението, значително треба да го подготвиме дека ова може да потрае подолго. Не би сакал јас да лицитирам дали зад ова е поединец, организирана група или држава, бидејќи е несериозно ако немаме јасно лоцирано место и поединец кој стои зад лажните дојави на бомби по електронски пат. Не можеме да лицитираме дали е тоа Русија, Кина или некоја од соседните држави. Факт е дека ваквите лажни дојави на бомби доаѓаат веднаш по првите шест месеци од руско-украинската војна и глобалните меѓународни безбедносни проблеми. Вакви случаи со лажни дојави имаше во Црна Гора, во Србија и денеска ние се соочуваме, рече Ѓуровски кој учествуваше на трибината „Безбедноста во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“.

Содржината на електронските пораки е речиси идентична во пораките до сите училишта, како што рече, „на лош македонски јазик и користен Гугл-транслејт“.

– Содржината на тие пораки е или од анархистички карактер, во кој се повикува на насилство во државата, и вториот тип на пораки, кои се скоро истоветни низ сите училишта во кои се праќани, е ширење недоверба кон државата и нејзиното функционирање, што е вториот сегмент да забави целокупниот процес на интеграции, верба во институциите и парализа на македонскиот безбедносен и политички систем, додаде Ѓуровски.

На прашањето дали има реален ризик од ваквите дојави, одговори дека е несериозно „да лицитираме дали може или не да биде поставено бомба“ и дека најважно во овој момент е „да бидеме будни и да ги заштитуваме објектите“.

-Значи, треба во делот на функционалноста и проверката да бидеме поефикасни. Механизмот на НАТО-Алијансата не може многу реално да ни помогне, само евентуално некои од земјите членки на НАТО, како што се САД или некои од европските земји со пософистицирани алатки електронски да лоцираме каде се наоѓаат… Дали ќе потраат или ќе завршат овие лажни дојави зависи од текот на меѓународните и глобалните случувања и дали и кога ќе заврши Руско-украинската војна, смета Ѓуровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy