Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Урла во Измир – совршена дестинација за одмор и опуштање
Македонија

Урла во Измир – совршена дестинација за одмор и опуштање

29/04/2025

AA

Мирниот крајбрежен град Урла во Измир е одличен избор за релаксација исполнета со уживање за сите сетила. Опкружен со живописни маслинови градини, овошни насади и лозја, Урла е погоден за посета во текот на целата година, но особено мај е пријатно време за истражување на уличките покриени со калдрма, шетање покрај камените куќи сместени во заливот и откривање на гастрономските атракции што ги нуди овој крај. 

Урла се наоѓа на полуостровот Чешме, на помалку од еден час возење од центарот на Измир. Ова шармантно гратче е познато по својот висококвалитетен начин на живот и опуштениот егејски дух. Бројните бутик хотели со поглед на море нудат совршен престој во хармонија со амбиентот на градот.

Посетителите можат да прошетаат до пазарот Малгака, каде има изобилство на локални и органски производи или до улицата Урла Арт, каде прекрасно реставрираните историски куќи се претворени во пријатни кафулиња и симпатични мали продавници. Морското крајбрежје на Урла е долго 40 километри и тука се сместени многу плажи со кристално чиста вода.

Благодарение на благата клима и плодната почва во регионот, Урла е позната и по кулинарските специјалитети во кои преовладуваат маслиново масло, билки и свежи морски плодови.

Младите умешни готвачи им даваат модерен шмек на деликатесите на Урла и ги претвораат локалните состојки во незаборавни рецепти, па затоа тука има и бројни префинети ресторани, кои заслужено добиле Мишелин ѕвезди и сомелиерски награди.

Микроклимата на Урла е погодна за лозарство и производството на вино во овој предел опстојува уште од античко време. Винските тури им овозможуваат на туристите прошетка низ лозјата, посета на винарници и дегустација на различни вина, особено оние направени од автохтони локални сорти грозје.

За оние што сакаат во своето патување да вклучат и историски знаменитости, Урла нуди можност за посета на антички места и запознавање со славната историја на анадолските земји. Местото Лиман Тепе ја раскажува историјата од бронзеното време, додека Клазоменија, во северниот дел на градот, е едно од основните пристаништа на антиката. Античкиот град ја раскажува длабоко вкоренетата приказна за маслинките во овие земји со првата работилница за маслиново масло во светот.

Доколку престојувате во Урла можете да го посетите и античкиот град Ефес, кој е заштитен од УНЕСКО и да ги видите импресивните остатоци како што е Библиотеката на Целзиус. Покрај тоа, Ефес е отворен за ноќни посети во лето, нудејќи уникатно искуство како дел од проектот „Ноќни музеи“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy